Posted Oct 12, 2018

FIBERNET M-K

Специјализирани сме во делот на резервно напојување - продажба, монтажа, сервис и одржување на ДИЗЕЛ ЕЛЕКТРИЧНИ ГЕНЕРАТОРИ. Нашата водечка позиција е резултат на нашата инженерска експертиза и постојаното инвестирање во нови технологии и методи за изнаоѓање на правилно, енергетски најефикасно и економично решение. Располагаме со дизел електрични генератори со моќност од 5kVA до 2500 kVA за домашни и бизнис корисници: - МОБИЛНИ – капацитети од 0,85kW до 9,6 kW. Наменети за домашни корисници за напојување на мали потрошувачи во стан, куќа, викендичка итн. - ФИКСНИ – капацитети од 11kVA до 2500kVA. Имаат големи димензии и се наменети за користење во бизнис секторите и индустриите како (здравство, образование, рударство и металургија, фабрики, градежна, технолошка, автомобилска индустрија итн.) - ОТВОРЕН ТИП – генератор без надворешно куќиште, наменет за користење во затворена просторија со специјална вентилација и аудио изолација. - ЗАТВОРЕН ТИП (CANOPY) – генератор со надворешно куќиште, наменет за користење во затворен и отворен простор. За сите видови бизниси и индустрии, музички концерти, спортски настани итн. Звучно се изолирани и имаат ниско ниво на бучава. Генераторите за производство на електрична енергија, кои може да ги најдете кај нас имаат дизел мотори од познати брендови: CUMMINS, PERKINS, MITSUBISHI, AKSA, VOLVO, JOHN DEERE, DOOSAN и др. FIBERNET M-K е ексклузивен увозник и сервисер на дизел електричните генератори на реномираните производители AKSA и SDMO.